Бијонсе и Џеј Зи ќе го патентираат името на нивната ќерка :)))

10 февруари, 20120
beyonce

Бијонсе и Џеј Зи ништо не препуштаат на случајност, штом и нивната прва ќерка Блу Ајви веројатно некогаш ќе биде одлична шанса за екстра заработувачка. Едномесечното бебе на познатите родители веќе се претвори во бренд.

Според американските медиуми девојчето стана бренд. Всушност, нејзините родители поднеле барање за патантирање на името Блу Ајви во САД, со цел никој друг да неможе да го искористи.

Според извештајот на MTV, барањето за патентирање на името го поднела фирмата на Бијонсе BGK Trademark Holdings, а процесот продолжува.

Доколку барањето им биде одобрено, тие ќе можат да го користат името на својата ќерка на било кој бренд, но двојката тоа веројатно го направила за ги да спречи останатите да заработуваат на името на нивната веќе позната ќерка.

Канцелариите за патентирање во САД веќе одбиле два обиди за патентирање на ова име, а ги поднеле родителите на деца кои се родени на 7 јануари со напомена дека името припаѓа на “многу познато дете”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi