
Бијонсе и Џеј Зи станаа родители. Пејачката минатата ноќ на свет донела девојченце кое среќните родители ја нарекоа Ив Блу Картер.
Веста ја потврдил и Џеј Зи фалејќи се на своите пријатели. Пејачката родила со царски рез во приватната болница Lenox Hill во Њујорк, беше потврдено од повеќе извори.
Пријателите на познатиот пар на социјалните мрежи започнаа со честитките, а меѓу првите биле Расел Симонс и Ријана.
“Добредојде на свет принцезо! Те сака тета Рих”, објавила пејачката од Барбадос.
Бијонсе во болницата се пријавила под лажно име, а вработените морале да ги исклучат мобилните телефони, за случајно да не протече некоја фотографија во медиумите.