Девојки, жал ни е – изгледа дека Рајан Рејнолдс овој пат во сериозна врска!
Тој и неговата девојка Блејк Ливели веќе извесно време се во потрага по куќа во која ќе живеат заедно, а како што дознаваме тие двајца купиле убава куќа во село во близина на Њујорк.
“Куќата чинела повеќе од 2 милиони долари”, тврди добро информиран извор. Актерската двојка последната недела е забележана во Бостон, Њујорк и Њу Орлеанс, каде посетиле потенцијални локации за својот семеен дом. Во паузите од потрагата по куќа тие уживале во јавање и интимни вечери.