Алберт Ајнштајн најголемиот физичар на сите времиња и за многумина генијалец, приватно не бил и најидеален сопруг.
Неговиот брак со Милева Мариќ почнал да се распаѓа во 1914 година, но Ајнштајн предложил сепак да останат заедно поради децата.
Сепак, големиот ум имал неколку услови кои морала Милева да ги почитува доколку сакала бракот да успее.
Според Јezebel ова се условите кои и ги дал Ајнштајн на Милева:
1. Ќе се погрижиш за:
– Гардеробата секогаш да ми биде чиста
– Да добивам три оброци на ден
– Мојата спална и работна соба секогаш да бидат чисти и уредни, а најважно никој друг да не ја користи мојата работна маса.
2. Ќе се откажеш од сите лични врски со мене доколку не се потребни од социјални причини. Ќе се воздржиш од:
– Седење покрај мене во куќата
– Одење со мене на патување
3. Ќе се придржуваш до слените инструкции:
– Нема да имаш со мене никакви имнтимни односи
– Ќе престанеш да разговараш со мене доколку го побарам тоа од тебе
– Ќе ја напуштиш мојата спална или работна соба доколку го побарам тоа
Милева, наводно се обидела да ги прифати сите овие услови и да живее со нив, но сепак не издржала и му ставила крај на тој бизарен живот, ги земала децата и го напуштила неколку месеци подоцна.