
Близнаците Ронан и Рори Роспутни во документите ќе стојат дека се родени во различни години, бидејќи едниот дошол на свет во последните минути од 2011 година, додека неговиот брат близнак 33 минути подоцна во 2012 година.
Ронан бил последното бебе кое се родило во 2011 година во болницата за жени и деца Бафало во државата Њујорк.
Ронан се родил во 23:37 минути во саботата, додека неговиот брат Рори во неделата десет минути по полноќ.
Близнаците не се идентични ниту на изглед, Ронан личи на мајката Бриџит, додека Рори има темна коса како таткото Томас.
Мајката сепак изјавила дека сака децата да слават роденден на ист ден.