Боби Кристина сака да го толкува ликот на својата мајка во филмот!

10 април, 20120
bobbi-kristina8475

Фановите уште не се оправени од шокот по смртта на Витни Хјустон, а веќе се подготвува снимањето на филмот за нејзиниот живот. Покрај тоа, сите оние кои имале било каков контакт со неа или барем побршно ја познавале, сега се обидуваат да заработат од тоа.

Меѓу оние кои се обидуваат да профитираат и да се прослават од смртта на легендарната  пејачка е и нејзината ќерка Боби Кристина. Според медиумите Боби Кристина изјавила дека е единствена личност која може да го протолкува ликот на нејзината мајка доколку се снима било каков филм за животот на нејзината мајка.

“Боби им зборува на пријателите дека таа е совршена личност за улогата на Витни, бидејќи пејачката никој не ја познавал подобро од неа”, изјавил наводно близок извор до Кристина.

Филмот за животот на пејачката Витни Хјустон и нејзиниот долгогодишен ментор,музичкиот  магнат Клајв Дејвис, наводно сакале да го снимат и претходно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *