Бојата на лицето – индикатор на здравствената состојба

popara8 јануари, 20121min00
1

На тенот на лицето влијаат многу фактори – стресот, пушењето, неправилната исхрана, неповолната еколошка средина и.т.н.

Жолтеникавата боја сведочи за пореметување на работата на црниот дроб, слезината или жолчката. Мургавиот бронзен тен се појавува при недостиг  на хормони во надбубрежната жлезда.

Белиот или блед тен на лицето индицира низок крвен притисок, проблеми со срцето или белите дробови, а исто така и за недостиг на хормони во штитовидната жлезда.

Црвената боја е знак за зголемена концентрација на еритроцити во крвта, за покачен крвен притисок или за проблеми на крвоносниот систем и срцето.

Сивата боја на лицето се среќава кај луѓе со проблеми со системот за варење.  Синкаста нијанса може да биде предизвикана од болести на срцето и дишниот систем.

А потемнувањето на лицето е сигурен знак што покажува дека е крајно време да се посети уролог. Оваа нијанса често е знак за болест на бубрезите или мочниот меур.