Дванаесет годишната Наташа Мораес Де Андраде ја ишишала својата 1,6 метри долга коса за да им помогне на своите родители да купат куќа.
Откако ја скратила својата коса, девојката изјавила дека почнува со нов живот. Порано неможела да прави обични работи кои ги прават сите тинејџери. Ретко одела на плажа, а еднаш неделно ја миела косата и биле потребни 2 часа за да ја исуши.
Од продажбата на косата заработила 3000 фунти.