Британија денеска ја одбележува 200 годишнината од раѓањето на Чарлс Дикенс, еден од најпознатите писатели на англиски јазики автор на бројни класици.
Низ целата земја ќе има разни настани и прослави по повод два века од раѓањето на Дикенс, вклучувајќи и забава во Портсмут, каде писателот е роден на 7 февруари 1812 година.
Неговиот гроб денеска ќе го посетат и членови од кралското семејство меѓу кој ќе биде принцот Чарлс.
Романите на Чарлс Дикенс се едни од најважните за англиската книжевност.
И Гугл во чест на Дикенс – најзпонатиот веб пребарувач денеска го смени своето лого во чест на англискиот писател.