Актерот Брус Вилис најавил дека својот ски-центар и одмаралиште на Mountain Soldier сака да го даде на хуманитарна организација. Така сега, покрај тоа што бара идеална непрофитна огранизација, Брус ја продава и својата куќа и ноќен клуб. Ски-центарот во Ајдахо го купил во деведесетите години, кога беше во брак со Деми Мур и речиси никогаш не престојува таму.
Неговите вработени откриле дека комплексот веќе неколку години работи со загуба, а постојат и неколку претприемачи кои се заинтересирани за купување, но Брус скијачкото одмаралиште вредно милиони долари, сепак одлучил да го донира.