Софија-Бугарските археолози пронајдоа два човечки скелети од средниот век кои во пределот на градите биле прободени со железни колци за да не се претворат во вампири.
Овие два скелети го илустрираат обичајот кој бил раширен во некои села во Бугарија во првата деценија на 20 век- вели Божидар Димитров, директор на историскиот музеј во Бугарија, наведувајќи дека скелетите се откриени во градот Созопол.
Според паганските обичаи, луѓето кои се однесувале лошо можат после смртта да се претворат во вампири.Да се спречи тоа, пред да ги закопаат ги прободувале со железни или дрвени колци.
Луѓето верувале дека колците ќе ги држат за земја и така ќе ги спречат навечер да излезат од гробовите и да го тероризираат населението, објаснува Димитров.
Овој обичај бил прилично раширен, вели Димитров, и кажува дека во Бугарија до сега се пронајдени повеќе од 100 слични гроба.