По успехот на Veyron 16,4 Super Sport, Buggati не чекаше па објави уште една кабриолет верзија на Grand Sport со 1200 коњски сили.
Претседателот на Bugatti Automobiles S.A.S, на авто шоуто во Женева изјави: „Нашиот тим успеа да го префрли најмоќниот мотор од автомобил, во кабриолет автомобил, а притоа земајќи ги предвид сите динамични и аеродинамични параметри во предвид. Горди сме да ви го презентираме најбрзиот автомобил на 2012 Geneva Motor Show со светската премиера на Grand Sport Vitesse со 1200 коњски сили.”
Овој моќен ѕвер може да развие 100 километри на час за неверојатни 2,5 секунди. Може да достигне максимална брзина од 410 километри на час, во специјални безбедносни услови. Во нормалната верзија, Grand Sport Vitesse е електронски лимитиран на 375 километри на час.