Колекцијата Burberry за пролет 2013 година е колекција со светла металик облека и пластични проѕирни додатоци со интересни обувки. Сјајните парчиња облека доаѓаат како палта, кошули и фустани.
Силуетите и дизајнот се шик и елегантни како и во сите Burberry колекции. Тесните молив здолништа, тесни капути и мантили станаа заштитен знак на оваа позната модна марка. Но, овој пат се појавуваат и обемни јакни и друга облека, што значи дека се продолжува трендот од оваа есен.
Освен накитот во колекцијата се појавуваат и ремени какои светли очила за сонце. Чантите се исто така многу светли. Некои дури се изработени и од обоена пластика со светли рачки од фолии.
Чевлите имаат интересен дизајн и доаѓаат во светли металик и бела боја. Дел од колекцијата може да ја погледнете во нашата галерија!