Burberry, за оние што знаат што сакаат!
Додека другите дизајнери создаваат се поширока облека, Кристофер Бејли потенцирал Burberry линијата да биде што е можно потесна.
Во колекцијата наменета за женската популација, целата облека е тесна и фустаните и здолништата, па дури и џемперите. Линијата е многу секси, особено елегантните фустани. Додадена е и трага на луксуз. Капутите со крзно околу врат најдобро го покажуваат овој детал, како и слим здолништата кои се до колена.
Колекцијата наменета за мажи, како да е создадена за момчиња. Кошулите имаат детали во облик на срце, а џеперите цртани верзии на полициски униформи и кралски чувари од Бакингемската палата. Линијата не содржи мантили, само капути, а највепчатлива е јакната со крзно од визон. Навистина е декадентно, но и кул, зарем не?!