Богатата наследничка веќе некое време едноставно не се одвојува од своето 21-годишно момче.
Парис Хилтон (31) не крие колку е заљубена во своето десет години помладо момче.
Станува збор за шпанскиот модел Ривер Випер, а папараците ги уловиле и во хотелскиот базен во Мајами, каде уживале цело попладне. Прегрнати, разменувале бакнежи и нежности и им покажале на сите колку се луди еден за друг!
По серија неуспеси во љубовните врски, и пропадната кариера како диџеј, Парис освоила доста атрактивен млад модел.