Чајот од измет од панда ќе биде најскапиот чај во светот!

popara10 јануари, 20121min00
CHINA-PANDAS-OFFBEAT-FILES

Кинескиот бизнисмен An Yanshi верува дека ја пронашол клучната состојка за производство на најскапиот чај во светот, а тоа е измет од панда.

Поранешниот учител по калигрфија откупил 11 тони измет од панди од Центарот за заштита на пандите, за да ги наѓубри чаевите во планината во Sichuan провоинцијата во југозападна Кина.

Тој изјавил дека на пролет ќе ги собере првите плодови од својата работа и дека тоа ќе биде најскапиот чај во светот, при што половина килограм ќе чини 35.000 долари.  Yanshi често е исмејуван поради неговите ексцентрични изјави и тврдењата дека чајот наѓубрен со измет од панда има големи придобивки и предности, па затоа и понатаму не се откажува од своите идеи.

„Изметот од панди е најдобро ѓубриво, а луѓето постојано користат вештачки шетни хемикалии. Луѓето би требале да бидат во хармонија со земјата и животната средина. Секој има обврска да ја штити околината“,  изјавил Yanshi.

Yanshi е толку убеден во својата идеја, па затоа и го патентирал својот чај за да ја избегне конкуренцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *