Една од првите и најголемите ѕвезди на Холивуд по потекло бил руски евреин, откриле списите на британската служба МИ5.
Иако, вистинското име и родно место на познатата ѕвезда од немите филмови Чарли Чаплин се една мистерија за сите нас, тајните документи на британската служба велат дека тој по потекло најверојатно бил руски евреин.
Британците до овој падаток стигнале, бидејќи во 1952 година американскиот ФБИ агент барал од агентот МИ5 да го провери потеклото на Чаплин, за кого се верувало дека користи псевдоним и дека вистинското име му е Израел Торнштајн.
Сепак, британците никогаш неможеле сто процентно да го потврдат датумот и местото на на раѓањето на оваа ѕвезда, но наводно стигнале до податок кој покажал дека тој потекнува од руска еврејска фамилија.
Се верува дека Чарли Чаплин е роден на 16 април 1889 година во јужен Лондон.