Чарли Шин тврди дека поминало “лудилото” во кое неодамна западнал и поради кое добил и отказ од снимањето на серијата “Два и пол мажи”. Актерот сега е сосема поинаков, тврди и дека својата лоша фаза сака да ја остави во минатото.
“Повеќе не сум луд. Тоа беше епизода. Друг човек сум сега, не оној што бев до вчера, сега имам поблаг и позрел план”, вели актерот.
Актерот во моментов работи на снимање на серијата “Anger Management”, во кој глуми терапевт, и вели дека со оглед на околностите,веќе спровел истражување за улогата, бидејќи и сам морал да помине курс за контрола на бесот.