Бидејќи е зима, ние треба да најдеме начин да не се предадеме на мрачно расположение и да се радуваме на единствениот плус на лошото време – удобноста на топлиот дом. За да биде чуството уште попријатно ќе ви треба и чаша топло какао. А идеата ни е позајмена од едно истражување, според кое вкусниот топол пијалок делува волшебно не само на вкусовите рецептори туку и на срцето.
Според експертите од Харвард секојдневната консумација на какаовите флавоноиди ги има следниве ефекти врз организмот:
Го намалува систоличниот крвен притисок;
Го намалува лошиот ЛДЛ холестерол;
Го зголемува добриот ХДЛ холестерол;
Ја намалува инсулинската резистентност;
Помага на крвоносните садови и крвоносниот систем;
Единствениот важен услов е да не употребувате од оние пакувани какаови смеси, а вистинско темно, без никакви додатоци какао во прав, бидејќи тоа содржи 70% повеќе од полезните материи.