Работникот на градската служба за чистење од Лондон Ерон Ларџ (28), во канализација пронашол часовник Ролекс вреден 24.000 евра, а потоа веднаш решил да ја раскаже приказната за телевизиските куќи, да покаже каде се случило тоа и додал дека пронашол уште неколку скапоцени часовници.
Британскиот дневник „ Daily Telegraph“ наведува дека сега Ларџ може да заработи повеќе од 72.000 евра, ако никој не дојде да си ги побара скапоцените часовници. Тој бил пофален за своето однесување и веднаш кога го пронашол Ролексот го предал во полиција.