Чизбургер за Гинис тежок еден тон!

popara4 септември, 20121min00
cheeseburger_f

Едно казино во Минесота испекло чизбургер со сланина со обем од три метри и тежок еден тон, и со тоа влегува во Гинисовата книга на рекорди.

Мамутскиот бургер со тежина од 914 килограми послужен е во неделата во казиното Blak Ber во близина на Карлтон.

Претставник на Гинис, Филип Робертсон потврдил дека станува збор за најголемиот бургер. Тој вели дека чизбургерот е резултат на “инзвонредна тимска работа” и “навистина добар вкус.”

Локалните медиуми пренесуваат дека претходниот рекорд го држел бургер тежок “ситни” 400 килограми.

Во бургерот од казиното Blak Ber вклучени се 27 килограми сланина, 23 килограми салата, 23 килограми кромид, 18 килограми краставици и 18 килограми кашкавал.

Биле потребни четири сада за бургерот да се испече и да се сврти на другата страна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag