Чоколаден колач со кафе

26 март, 20120
coko kolac

Потребни состојки:

За тесто:

3 јајца

150 гр. шеќер

100 мл. млеко

150 мл. масло за јадење

100 гр. чоколадо

70 гр. брашно

1 прашок за пециво

100 гр. мелени лешници

За фил:

500 мл. млеко

1 пудинг од чоколадо

60 гр. шеќер

100 гр. чоколадо

50 мл. сварено кафе

250 гр. путер

За глазура:

20 гр. путер

100 гр. чоколадо

Припрема:

За тестото изматете ги со миксер јајцата и шеќерот, па во смесата додадете ги  млекото, маслото за јадење, брашното, стопеното чоколадо, мелените лешници и прашокот за пециво, па повторно изматете со миксер за да добиете хомогена смеса.

Тестото префрлете го во намрсена тава за печење и печете во загреана рерна на температура од 180 степени 40тина минути. Проверете со чепкалка дали тестото е печено.

За филот сварете го пудингот според упатството, па во сварениот пудинг додајте го стопеното чоколадо и свареното кафе. Смесата ставете ја да се излади во фрижидер 2 часа покриена со фолија. Потоа во смесата додадете го изматениот путер, повторно изматете со миксер и тестото премачкајте го со филот.

За глазурата загрејте го путерот се додека целосно не се растопи, па потоа тргнете го тавчето од оган и додадете го чоколадото, па мешајте се додека чоколадото целосно не се растопи. Со смесата рамномерно прелијте го колачот. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber