Човечката (женската) злоба е безкрајна!

9 април, 20120
qqq

Во последно време доста често ми се случува да се „судрам“ со разни суштества, кои по некакви причини се незадоволни (од својот празен живот) и постојано без дозвола навлегуваат во туѓото лично пространство. Оние кои знаат се за другите, а за себе ништо не знаат…Оние кои веќе нема што да ги радува, па се љубоморни на туѓата среќа. И ако успеете да ја уништите и мојата среќа, зарем посреќни ќе бидете? Сватив дека несреќните луѓе со празен живот, едноставно не ја поднесуваат туѓата среќа зошто постојано ги потсетува на она што тие го немаат! И наместо да се фокусираат на својата несреќа, тие животот го посветуваат уништувајќи ја туѓата среќа. За да не се сами во болката. Ова се луѓето кои треба да ги жалиме! Се обидувам да не посветувам особено внимание на тоа што го прават или зборуваат, но доста често си го поставувам прашањето: „Што е проблемот со вас? “

Сите ние имаме вакви луѓе околу себе! Но кога веќе знаеме дека нашата среќа е она што најсилно ги повредува, што ги гори како оган, тогаш ние нема да ја тргнеме насмевката од нашите лица – никогаш!

За мој огромен ужас, во најголем дел од случаите тие „луѓе“ не се мажи, туку жени. Зошто, кога ќе видите конкуренција веднаш и се нафрлате како некакви мршојадци? Зошто кога некој ќе добие нешто повеќе од вас веднаш брзате да ја обвините судбината(колку е неправедна) и да ја наречете таа другата со погрдно име? Зошто другите секогаш ви се виновни за вашите проблеми?

Тоа што сам можеш да си го направиш, никој друг не може! Мили дами, колку повеќе сте зафатени да гледате во туѓата чинија и да плукате, толку повеќе вашата се празни. Колку е полесно да се борите за тоа што го сакате, отколку само да ги гледате накриво оние кои тоа го прават. Тоа би се одразило доста полезно на комплексите кои ги имате.

Не треба да копате гроб на другиот, зошто на крајот знаете кој ќе лежи таму. Попаметниот секогаш отстапува, а вие обидете се ако ништо друго, тогаш да прецените кое однесување е достојно и кое не. Зошто жената без достоинство, по мое лично мислење, не е особено ценета. А мажите имаат многу точна проценка за тоа.

И за крај, кога плукате по другите, кога ги клеветите и оцрнувате – попаметни, поубави, поуспешни ли станувате? Или само го насочувате вниманието, кое сакате да ви се обрне?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *