Човек може да направи СЕ кога сака! Херојот кој нема нозе, а успеа да се искачи на Килиманџаро!

popara21 јуни, 20121min00
r42

31 годишниот Спенсер Вест успеа да се искачи на врвот на Килиманџаро висок 5895 метри користејќи само раце.

Овој храбар планинар ги загубил нозете кога имал само 5 години. Лекарите морале да му ги ампутираат нозете бидејќи имал деформитет на долниот дел од кичмата. Лекарите тогаш ја советувале мајката синот да го насочи кон активности како што се читање и пишување.

„Лекарите ми рекоа дека тој нема да постигне многу во животот“, изјавила мајката на Спенсер.

Но, тоа не ги обесхрабрило неговите родители, ниту пак Спенсер.

За својот поход на Килиманџаро тој се подготвувал повеќе од една година. Вежбал и се искачувал на брда.

Главна инспирација за овој подвиг му биле две цели.

Прво, сакал со тоа да ги инспирира другите и да им покаже дека ништо не е невозможно.

А, второ, да собере 750.000 долари за изградба на систем за чиста вода за 20.000 лица во Кенија.

Секоја чест, Спенсер докажа дека се може да се постигне доколку се сака.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag