Да бидеш сакан е неопходно, зошто тоа е единствениот начин да преживееш. Буквално е така и тоа си нема никаква врска со романтиката. Но човек никогаш не е сигурен колку љубов заслужува. Ете ова е прашањето.
Пред извесно време во интернет налетав на интервју на позната водителка со следниов наслов „Решив да украдам и за себе малку љубов.“ Во интервјуто таа раскажуваше како после разпадот на врската се осмелила да започне нова врска. Онемев. Дамата е привлечна, успешна, посакувана, изгледа паметна и уверена…Зошто таква жена би чувствувала дека љубовта кон која се стреми треба да ја украде, а не дека е нешто кое и припаѓа? Да бидеш сакан е право на секој од нас, макар овој факт и да не е запишан никаде. Тогаш зошто луѓето живеат со чувството дека треба да крадат љубов, да се трудат да ја заработат, заслужат…Украдената љубов е онаа кога некаде длабоко во себе потиснато ја доживуваш како незаслужена. Или како нешто за кое треба да се бориш, да се потиш за да ја заслужиш.
Ако некој од читателите овде може со рака на срце да каже дека никогаш не бил во врска во која се чуствувал неуверено и се прашувал дали е доволно привлечен, доволно паметен, забавен или успешен тогаш го добива мојот исхрен восхит. Истото се однесува и за жени кои никогаш не се воздржувале да го направат првиот чекор кон маж, кој им се допаѓа, зошто тие не мислеле дека не се од неговата лига. Сигурно има и такви дами, но јас не познавам ниту една. Во замена на тоа имам околу мене десетици „крадци“ кои никако не успеваат да се насладат на љубовта која без да знаат е нивно право и продолжуваат упорно да се трудат да ја заслужат…Жално е но и болно вистинито тоа дека се додека не откриеш колку љубов заслужуваш, дека за љубовта не треба да се менуваш и бориш, дека љубовта е твое право ќе останеш само крадец на мали парчиња украдена љубов.