Дека домашните хаусмајсторски поправки може да бидат опасни докажа еден жител на Орланд Парк во близина на Чикаго кој си заковал шајка во глава. Според АР, семејството на Данте Отиј изјавила дека човекот повеќе од 24 часа поминал со шајка во главата од 8,8 сантиметри.
Додека тој работел во гаражата и со пиштолот за шајки вршел поправки случајно си ставил и еден во главата. Најпрво тој мислел дека шајката само му поминала покрај главата, но кога му се слошило по неколку часа и бил префрлен во болница, лекарите утврдиле дека шајката му влегла во главата.
По четри часовната операција во која му била отстранета шајката од главата 32 годишниот човек сега се чувствува подобро.