Француската модна куќа Christian Dior представи колекција инспирирана од 50-те години на минатиот век, со блескави слоеви провидна свила во првиот ден од Неделата посветена на високата мода во Париз. Сите погледи беа насочени кон втората колекција висока мода на Диор после заминувањето на Џон Галијано. Првата колекција представена во летото минатата година од бившата десна рака на Галијано, Бил Гејтен, не импресионира особено многу.