Chrome е најпопуларниот пребарувач во светот, пишува The Verge, повикувајќи се на податоците на comScore.
По прв пат, во период од 14. мај до 20. мај, Chrome беше најкористен интернет пребарувач во светот.
Иако веќе се случувало највеќе луѓе да го користат Chrome преку викенд, никогаш досега не се случило таквата ситуација да остане во текот на целата недела.
Второпласираниот е Microsoft Internet Explorer, а Firefox остана трет најкористен пребарувач таа недела.
Четвртото и петтото место им припаднаа на Safari и Opera.
Интересно е дека Internet Explorer во Јапонија, Кина и Јужна Кореја има доминантна позиција, половина, односно три четвртини од пазарниот удел, но во Јужна Америка на пример, Chrome е присутен со околу 50% (се претпоставува дека влијанието на тоа има популарноста на мрежата на Google, Orkut).
Firefox доминира во однос на Chrome и Internet Explorer во Европа и Африка, а во Северна Америка, IE има десет проценти повеќе од Chrome и понатаму е најпопуларен пребарувач.