Погледнете го спотот за песната “Tomorrow” од новиот албум, “Roses”, кој ќе излезе 11 години после последното издание…
Веќе две години се зборува за враќањето на големиот поп бенд од 90-тите, Cranberries, чиј претходен албум “Wake Up and Smell the Coffee”, беше објавен во 2001 година. Се чини дека на пејачката Dolores O’Riordan и на целата екипа им беше потребно некое време за да ги “средат“ новите материјали на кои што всушност работат од 2009 година. Овој бенд е по потекло од Ирска, а само на пазарот во САД досега има продадено 15 милиони албуми и имаше 4 албуми во Top 20 листата на Billboard, и конечно на 27 февруари ќе го претстават новиот албум наречен “Roses”.
“Roses” е снимен во првата половина на минатата година во Канада и Велика Британија, а за продукцијата е задолжен стариот соработник на бендот Stephen Street, познат по својата соработка со групите Blur и The Smiths. Cranberries новиот албум го најавуваат со песната “Tomorrow”, која може да ја погледнете и слушнете овде. 🙂 А, во продолжение, погледнете ја и листата на песни кои се дел од албумот “Roses”.
1. Conduct
2. Tomorrow
3. Fire And Soul
4. Raining
5. Losing My Mind
6. Schizophrenic Playboy
7. Waiting
8. Show Me The Way
9. Astral Projection
10. So Good
11. Roses
http://www.youtube.com/watch?v=M-TVyIlhKrE&feature=related