Црниот леб штити од висок крвен притисок

2 април, 20120
z

Зад оваа теза стојат група американски научници, според кои продуктите кои содржат грубо смелено брашно, имаат незаменлива улога врз функциите на срцето и крвните садови.

Докажале дека ако важен дел од дневното мени представуваат продукти како овесна каша, трици, различни видови мусли и црн леб, ризикот од појава на хипертонија драстично намалува. Во резултат на ваков тип исхрана се елиминираат и голем дел од причините кои водат до инсулт (мозочен удар), дополнуваат уште експертите.

Оние кои избираат полнозрнести продукти наместо бело брашно, тие имаат многу подобри резултати што се однесува на нивото на холестерол, а освен тоа ги подобруваат функциите на срцето и крвните садови.

Според експертите овие растителни влакна се неопходни за да се одржува организмот во добра форма и здравје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *