Убавата актерка Ева Лонгорија е секогаш убаво облечена, па затоа е речиси невозможно фотографите да ја “фатат” неподготвена. Малата Венера се средува дури и кога оди на патувања, а некои од нејзините најуспешни модни комбинации може да се видат на аеродром.
Така Ева пристигна на аеродромот во Њујорк, каде што ги воодушеви сите со нејзината интересна облека. Преку сивиот памучен фустан Ева имаше облечено бело палто, а на нозете носеше кафени чизми под кои имаше црни чорапи. Во некоја друга комбинација, овие бои не би оделе заедно, но Ева во оваа комбинација изгледаше едноставно неодолива.