Дали би „наседнале” на ваков попуст?

popara16 јануари, 20121min00
0041007.48

Верувањето во духови е составен дел од секоја култура, но во некои сепак е пораширено отколку во другите. Во Хонг Конг е духовите се толку важни, што ги диктираат цените на недвижностите.

Имено, во Хонг Конг верувањето во духови е дел од секојдневниот живот, а освен што следбенциите на традиционалните верувања ги сметаат своите предци како духови и им приносуваат жртви, многу се чувствителни и на фенг шуи и избегнуваат места кои имаат „лоши вибрации”.

Тоа оди до толкави екстремности, да трговците на недвижности се должни да наведат ако некоја куќа е опседната. На таквите имоти тие се должни и да ја спуштат цената, а зависно од мрачното минато кое недвижноста го крие, попустите се движат од 20 до 40 проценти.

Во каталозите на проколнатите куќи може да се најдат разни несреќни приказни, а само една од нив е за сопружниците кои си ги одземале животите поради долгови и брачни несогласувања, кои наводно и понатаму живеат во домот во кој го извршиле самоубиството. Дури иако тие и не ги прогонуваат станарте со своите духовни појави, самата приказна е обично доволно депресивна да ги избрка потенцијалните купувачи.

Другата несреќна приказна е за духот на разведената жена која извршила самоубиство со вдишување на дим, а пронајдена е дури месец дена подоцна. Приказните кажуваат дека нејзиното осамено кукање и понатаму одекнува во куќата, посебно во ноќните часови.

Во каталогот се спомнуваат и многу побрутални приказни, но изгледа дека има и такви кои воопшто не ги интересираат приказните. Тоа најчесто се странци кои масовно ги купуваат поповолните недвижности бидејќи не веруваат во духови. Но, за тоа колку „не веруваат” можеби најдобро збори податокот дека поголемиот дел од тие недвижности во рок од неколку години повторно завршуваат на пазарот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag