Неверениот сопруг, Денот на вљубените го помина заедно со неговата сопруга од која се разведува.
Ѕвездата на натпреварот помеѓу LA Lejkersa и Atlanta Hoksa, не беше Коби Брајан, туку неговата сопруга Ванеса, која од трибините го бодреше неверениот сопруг.
По натпреварот, парот заедно влегоа во соблекувалните, а папараците успеаа да фотографираат и бакнеж.
Иако Ванеса поднеле барање за развод од Коби Брајан во декември минатата година и потпишаа договор во кој според распределбата на заедничкиот имот, Ванеса доби три куќи и “неколку милиони долари”, американските медиуми пишуваат дека е можно помирување и дека е сосема возможно да му прости на Брајан.