Небесна експлозија разбудила цел регион

17 февруари, 20120
0056007.48

Жителите на Јужна Каролина (САД) останаа зачудени кога околу два часот по полноќ ги пробуди гласен звук предизвикан од експлозија и светлост во небото. Многумина веднаш го пријавиле случајот во надлежните служби, а стигнаа и првите објаснувања.

И самите експерти биле затечени од необичната појава бидејќи немале на распоред никакво слетување на сателит, метеорски дожд или слична предвидлива појава со која би можеле да го објаснат феноменот.

На основа на достапните информации, сепак може да се процени дека се работи за залутан метеор за чии остатоци сеуште се трага. Но, многумина не им веруваат на научниците, па мислат дека станува збор за нешто што властите радо би го сокриле.

Еден сведок своето видување го пренесе во репоратажа за случајот и тоа со нескриено воодушевување. Нејзиното мислење е дека станува збор за вонземјаните кои дошле на посета.

Се надеваме дека остатоците од објектот наскоро ќе бидат пронајдени и дека приказната ќе стане малку појасна, а до тогаш уживајте во првите впечатоци на сведоците и ескпертите кои своето гледање на ситуацијата го претставиле на вестите за телевизијата FOX:


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi