
Што мислите која светски позната глумица имала лоша среќа со гардаробата, коjа што папараците ја овековечиле? Мала помош: татко и е србин, а мајка и русинка.
Се работи за ѕвездата на филмот Resident Evil, Мила Јововиќ.Таа во четвртокот имала мала незгода за време на снимањето на рекламната кампања за Авон во Њујорк.
Инаку на интернет може да се прочитаат коментари дека оваа несреќа всушност личи на сцена од филмот Седум години верност, во кој белиот фустан на Мерлин Монро лета во воздух поради ветерот од вентилацискиот отвор.