Ви подготвивме неколку знаци кои ќе ви наговестат колку е постојана физичката привлечност помеѓу вас?
Сигурен знак: Му кажувате што ве “возбудува”.
Навистина е тешко некому да се откријат најинтимните “блудни” желби, но ако ја отварате душата и ако расте довербата, тоа само може да го зголеми квалитетот на вашиот меѓусебен оснос…
Сигурен знак: Не и робувајте на рутината!
Сите парови морат да се потрудат да ги вклопат и своите пренатрупани распореди. Доколку водите љубов само кога сте двајцата слободни и заморни, сексот ќе стане се поредок, кога ќе почнете да се забавувате посериозно… за задоволителен сексуален живот, на подолги патеки, сексот морате да го поставите како приоритет и не плашете се да го практикувате во потполно неочекувани мигови.
Сигурен знак: Предиграта трае цел ден!
Доколку е јака хемијата помеѓу вас, парот го одржува интересот 24 часа, во денот, сите седум дена во неделата – флертувајќи постојано, милувајки се….
Сигурен знак: Наизменично се заведувате еден со друг!
Нормално, тој треба да вложи многу напор за да ве добие, но ќе изгуби желба ако мора тој да иницира секс. За врската е најздраво и најтрајно и двајцата да си ја поделите одговорноста да иницирате секс…