Дали вашиот живот е со содржина?!

popara17 април, 20121min00
ss2

Во часот по философија професорот застана пред катедрата, чекајќи студентите да се смират. На катедрата постави голема празна тегла и ја наполна со голф топчиња. Ги праша студентите дали садот е полн. Тие одговорија потврдно.

После професорот зеде една кутија со камчиња и ја исипа во садот. И повторно ги праша студентите дали садот е полн. Тие повторно одговорија потврдно.

Потоа професорот зеде кутија песок и ја исипа во истиот сад. И секако песокот ги пополни сите празнини меѓу топчињата и камчињата.

Тогаш професорот зема две лименки пиво, ги истури во садот, а пивото го исполни просторот меѓу зрнцата песок.

Студентите почнаа да се смејат. Сега, рече професорот, сакам да ви кажам, дека овој сад претставува вашиот живот. Топките за голф се важните работи во вашиот живот – семејството, децата, здравјето, љубовта, среќата, верата, надежта, пријателите, желбите, мечтите – ова се оние нешта, дури и да изгубите се друго и ви останат само тие, животот ќе ви биде доволно исполнет. Камчињата – тоа се второстепените работи, работата, куќата, колата…Песокот е се останато – малите неважни  работи.

Ако најпрво го исипете песокот во садот, нема да има место ни за камчињата ни за топките. Истото се случува и во животот. Ако го губите времето и енергијата за ситници, никогаш нема да имате место во вашиот живот за вистински важните нешта.

Погрижете се најпрво за топчињата за голф, за оние работи кои навистина заслужуваат. Подредете ги своите приоритети. Останатото е само песок.

Една од студентките дигна рака и праша: а каква е симболиката на пивото?

Професорот се насмевна: Се радувам што прашавте. Сакав само да ви покажам, дека не е важно колку е исполнет животот, секогаш ќе се најде место и за две пива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag