Велигденска идила во домот на Јелена Карлеуша!

Карлеуша со семејството во Дедиње го прославила најголемиот христијански празник во новиот дом од 450 квадратни метри, вреден дури два милиони евра!
Иако Јелена Карлеуша е атеиста, таа пред се поради децата Велигден го прославила на најтрадиционален начин, па така два дена претходно со Атина и Ник ги офарбале јајцата и подготвила се за нејзините деца да уживаат во празничните денови.
Инаку, за неа ова е поволен период, како поради преселувањето во вилата вредна два милиони евра, така и поради успехот на работен план – Јелена го завршува десетиот, јубилеен албум, кој ќе излезе во средината на мај.
И додека Атина и Ник ќе си играат во англиската градинка, во која тргнуваат овие денови, нивната мајка со полна пареа ќе снима спотови за новиот албум.