Дарвин ги мачел луѓето!

popara17 мај, 20121min00
1

Научниците од Универзитетот Кембриџ одлучиле да го спроведат последниот и најстрашниот експеримент на Чарлс Дарвин,со  кој  творецот на теоријата на еволуцијата се обидувал да открие дали постојат основни емоции кај луѓето или тие се одраз на културата и околината во која живеат.

Дарвин во 1868 година на своите пријатели за време на вечера им покажувал шокантни фотографии од францускиот научник Душен де Болоња. На нив имало човек кој бил мачен со електрошокови, поради кои правел разни гримаси. Од гостите Дарвин барал да му кажат кои емоции ги гледааат налицетона маченикот. Научникот се надевал дека ќе успее со собирање на зборовите и описите од секоја личност да дознае дали постои универзална емоција.

Сега 150 години подоцна, научниците од Кембриџ го оживуваат овој експеримент, но се потпираат на предностите на интернетот и истото прашање го поставуваат со истите страшни фотографии, на кои одговараат околу 20.000 луѓе ширум планетата.

„Дарвин имал 24 одговори, додека ние ќе имаме неколку илјади, па ќе добиеме позначајни научни форми“, соопштиле докторите од Кембриџ.

Новото истражување покажало дека луѓето денеска и оние од времето на Дарвин истите слики ги опишуваат со исти или барем слични зборови. Разлики постојат само во сфаќањето на животот од пред 150 години и сега. Емоциите во модерната ера поотворено се манифестираат, и тоа не само во различните култури, па затоа научниците од Кембриџ заклучиле дека емоциите дефинитивно еволуирале.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma