Поранешен офицер на британската авијација планира на свои 80 години да стане жена. Рут Роуз (79), дедо на четри внуци, некогаш се викал Џејмс, а сега ќе биде најстарата личност во Британија која ќе го смени својот пол.
Рут за британските медиуми изјавил дека уште од својата девета година сонувал да стане женско, но дури сега по успешната кариера на пилот и три деца, се одлучил да направи операција.
„Навистина е прекрасно кога можеш да бидеш она што си. Процветав откако ја донесов одлуката да се оперирам“, изјавила Рут откако пред две години почнала да живее како жена.
Без оглед на неговите години докторите одлучиле во октомври 2013 година да направат операција за промена на полот.