Судејќи според текстот кој е објавен на сајтот Neowin, и компанијата Dell се вметна во редот на производителите кои подготвуваат нов модел на компјутери со претстоечкиот оперативен систем на Microsoft, Windows 8.
Се наведува дека Dell подготвува таблет компјутер наменет за деловните корисници. Објавени се и карактеристиките на тој модел, кој не издвојува премногу од моделите на другите производители.
Таблетот на Dell ќе има екран со дијагонала од 10,1 инчи и резолуција од 1366 х 768 пиксели, двојадрен процесор на Intel, Atom, интегрирана графика на Intel, 2 гигабајти DDR2 меморија на 800 мегахерци, до 128 гигабајти простор за складирање (SSD) и две камери од кои предната ќе има резолуција од 2 мегапиксели, а задната од 8 мегапиксели. Дебелината на таблетот ќе биде 10,2 милиметри, а тежината околу 700 грама. Според овие спецификации, таблетот на Dell е многу сличен со State 8 на HP.
Меѓутоа тоа што го издвојвуа таблетот на Dell е понудата на безбедносните опции. Компјутерот има безбедносен процесор со подршка за новата технологија TPM (Trusted Platform Module) која ја зголемува безбедноста со новите методи на препознавање.