Актерката Деми Мур очигледно ќе заработи од разводот со познатиот актер Ештон Качер.
Деми потпишала договор со издавачката куќа “Харпер Колинс” за пишување на книга во која ќе ги открие сите тајни од шест годишниот брак со младиот актер.
Надоместокот кој Деми ќе го добие за откривањето на деталите од нејзиниот брак со Ештон изнсува два милиони долари.
“Книгата за бракот со Ештон ќе стане вистински хит, сигурни сме во тоа”, соопштиле од издавачката куќа.