Денеска е петок 13-ти ден кој се смета дека носи лоша среќа, а некои поединци објаснуваат зошто е тоа така.
НЕ(СРЕЌА)
- Според грегоријанскиот календар најголема веројатност е дека 13 ќе се падне во петок од било кој друг ден во неделата.
- Всушност, во било кој период од 400 години, 13 паѓа во понеделник 685 пати, во вторник 685, во среда 687, во четврток 684, во петок 688, во сабота 684 и во недела 687.
- Во Шпанија и во Грција се смета дека 13-ти вторник е несреќен ден.
- Стравот од петок 13-ти е познат како параскевидекатриафобија.
- Бројот 13 се смета за несреќен број уште од античките времиња, додека петок е зол ден од 14 век.
- Сепак, петок 13-ти никогаш не се сметал за несреќен или застрашувачки ден пред средината на 19-ти век.
- Четри од 12 филмови насловени како „Петок 13-ти“ биле прикажани токму на петок 13-ти.
- Истражувачите велат дека мажите немаат поголеми шанси да загинат на петок 13-ти од бил кој друг ден.
- …. Но, жените од Финска имаат две третини поголеми шанси да го загубат својот живот во сообраќајна несреќа токму на петок 13-ти.
- Секогаш има најмалку еден, а највеќе 3 петок 13-ти во годината.