Десет најдобри сноуборд дестинации

5 февруари, 20120
5wcf4

Верувајте дека една даска е повеќе од доволна за уживање во снегот. Погледнете кои ски центри се избрани за најдобри светски сноуборд дестинации во жестока конкуренција од дури 1000 места во 64 земји.

Истражувањето за најдобрите сноуборд дестинации го спроведе „ World Snowboard Guide“, водич кој со години собира искуства објавени исклучиво од бордери од сите делови на светот.

Whistler Blackomb, Канада– Еден од најпознатите канадски скијачки центри е сместен на неколку километри од Ванкувер и по многу мерила е најголемото скијалиште во Северна Америка. За квалитетот на тамошните патеки доволно кажува податокот дека Whistler Blackomb пред две години беше домаќин во алпско скијање на Олимписките игри. Што се однесува до сноуборд-от, поклониците на сите стилови и нивоа- знаат…

Davos, Швајцарија– Седиштето на светската работна и скијачка елита меѓу бордерите е познато како место кое нуди за секого по нешто. Големите писти и одличните патеки за фрирајдинг, што поминуваат низ дури пет планини, никого нема да го остават рамнодушен. Секако, треба да се спомне и врвната скијачка инфраструктура и услугите, но како и повеќето познати ски центри и ова е најдобро за посета во средината на неделата, за да се избегнат гужвите.

Планината Мамут, САД- Калифорниското зимско одмаралиште  познато по големата количина на снег, меѓу бордерите е популарно поради одличните можности за фрирајдинг, но и уредените места за скокање и трикови. Според оценката на упатените, секој љубител на сноуборд, таму ќе пронајде нешто за себе.

Verbije, Швајцарија– Швајцарското село во кантонот Вале, претставува едно од најголемите алпски скијалишта во кое се имаат населено најголемите љубители на снежните спортови. Посебно е ценето меѓу екстремните бордери, а многу го нарекуваат и „ рајот на слободниот стил “. Има патеки од сите облици и големини, а на даска може да уживате и во летниот период.

St. Anton, Австрија– Иако го опишуваат како најдобриот фрирајд ресорт во Австрија, таму во сноуборд може да уживаат сите, без оглед дали се почетници или искусни. Вкупната оценка не е намалена и со оглед дека местово го нарекуваат и „ снобовско“ собиралиште, со оглед дека бордерите можат слободно да уживаат во врвните патеки додека богатата клиентела пие пијалоци во  планинските барови.

Ser Chevalier, Франција– Скијачката регија на француските Алпи е позната по бордерските терени за фрирајдинг и фристајл и по сите други содржини кои ги интересираат љубителите на скијањето на една даска. Освен по трките од Светскиот Куп, ова место е познато и како местото со 300 сончеви денови годишно, т.е. одличните патеки кои се протегаат од 1200 дури до 1800 метри надморска височина.

Од седмото до десеттото место на листата на десет најдобри сноуборд дестинации влегуваат: Veil, Maunt Bačelor i Maunt Hud Medous, а на крајот на листата се наоѓаат француските Шамони, како место со врвни фристајл и фрирајдинг патеки. Не само што е одлично за почетници, местово при недостаток на снег е и одлично за утринска прошетка, после ладната свежа ноќ.

На крај, не треба да се заборават цените кои се навистина високи и дека сноубордот може да се ужива и на помалку атрактивни патеки. Сепак, доколку имате можност- задолжително посетете ги !

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma