Деветгодишно дете украло автомобил заканувајќи се со пластичен пиштол

popara30 јуни, 20121min00
kid-toy-gun

Деветгодишно дете украло автомобил заканувајќи се со пластичен пиштол – играчка во Кортедала, Шведска, соопшти локалната полиција.

Според изјавата на еден вчудоневиден сведок, детето му вперило пиштол и му рекло дека е наполнет, пред да провали во еден паркиран автомобил и да си замине со него.

„Ова е неверојатно и трагично. Тој е толку млад. Досега не сум видел вакво нешто“, изјавил Јан Џенцел, менаџер на компанијата во чија сопственост бил автомобилот.

Полицијата успеала да го фати малолетникот, кој направил навистина лош избор за крадење на автомобил, избирајќи автомобил кој работи на струја и кој може да достигне максимална брзина од 40 км. на час.

Детето нема да се соочи со никакви криминални обвинение, бидејќи е премногу мало, одлучиле властите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag