Кога дознала дека во училиште ќе се сликаат со другарчињата од одделението, Марсел Марино го замолила својот татко, сопственик на фризерски салон, да и направи фризура со која ќе изгледа “како принцеза”.
Девојчето, среќно пристигнало во училиштето, но наставниците веднаш и рекле дека нема да може да се слика бидејќи “не ги исполнува прописите за изглед”. Марсел истрчала дома плачејќи.
-Бев шокиран кога се врати дома од училиште. Јас само сакав да и направам едноставна и елегантна фризура. Потполно се разочарав. Би ја разбрал оваа реакција ако нејзината коса беше, да речеме обоена, но мислам дека со ваквиот изглед на мојата ќерка училиштето треба да се гордее, изјавил таткото.
Од училиштето се изјасниле дека прописите налагаат косата да биде врзана со трека со темна боја, како кафена, тегет или сина и дека плетенките се забранети.
-Тоа не беше плетенка, туку само панделка. Јас добро знам, бидејќи тоа го работам, изјавил таткото.
Училиштето на крајот го одложила фотографирањето поради грешка во датумот, но го предупредиле таткото во иднина да не и прави “чудни фризури”на неговата ќерка.