Една 18 годишна девојка од Египет која плаче крвави солзи тврди дека била допрена од демони.
Девојката на телевизијата Ал Нахар раскажала како ја допирале цело племе џинови, односно дека ги имало околу 1000 на број.
Додека еден вероучител ги рецитирал стиховите од Коранот, девојката паднала во несвест. Кога повторно дошла при свест по 20 минути, таа изјавила дека не се сеќава на ништо и дека чувствува силна главоболка.
Учителот и објаснил дека џинот имал само надворешно влијание врз неа и дека не дошло до промена на нејиниот глас, ниту пак имала грчеви во стомакот. Тоа биле главните симптоми, изјавил тој кои се видливи доколку една личност е контролирана или обземена од џин.
Џинот во исламот е невидливо духовно битие, создадено од оган. Животниот век им е меѓу три и четри илјади години, а иако има добри, повеќето џинови се зли. Тие се способни да влезат во човековото тело и да преземат контрола на човековиот разум, да му нанесат физичка болка и да предизвикаат болест или лудило.