Диета со пилешко и ананас – за слабеење во рекорден рок!

8 декември, 20120
thumb

Диетата со пилешко и ананас е многу едноставна и вкусна. Пилето се апсорбира многу добро од страна на организмот. Тоа содржи околу 20% протеини, витамини и железо. Пилешката диета освен месо содржи и свеж зеленчук и овошје. Со оваа диета можете да намалите 4 килограми неделно.

Основниот продукт во оваа диета е пилешко месо, печено или варено. Бројот на калории дневно не треба да биде повеќе од 1200.

Пилешка диета со ананас

Оваа диета трае 9 дена. За овој период се очекува загуба на најмалку 6 килограми. Првите три дена се јаде само пилешко варено без кожа и без сол како и свежи салати без масло. За салатата можете да изберете од следниве намирници: марула, краставица, ротквица, морков, домати, зелка, цвекло – бидејќи содржат голем процент растителни влакна и минерали кои го активираат процесот на согорување калории. Салатата ја зачинувате само со свежо цеден сок од лимон и малку соја сос.

Освен тоа антиоксидансите што ги има во зеленчукот  ќе помогнат да го прочистите телото од слободните радикали и ќе ги елиминираат непотребните течности врзани со масните клетки под формата на целулит.

Следните три дена треба да се јаде само свеж ананас. Ананасот се дели на пет порции. Во текот на овие 3 дена треба да пиете по две чаши зелен чај, наутро и навечер. Ако почувствувате глад можете да вклучите и по еден грејпфрут и едно јаболко во дневното мени.

Последните три дена се јаде и пилешко и ананас, свежи салати, а бројот на калории во текот на 9-те дена не треба да премине 1200. Пред јадење се пие чаша вода со сок од еден лимон. По време на пилешката диета треба да се пие зелен чај наутро и навечер.

Диетата може да се повтри после 15 дена, доколку сакате да елиминирате поголем број килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *