Диета според крвната група

28 јануари, 20120
bl

Диетата според крвната група препорачува на луѓето да консумираат одредена храна и да избегнуваат друга сообразувајќи се со правилата за својата крвна група.

Ако сте 0 крвна група, која од еволуциска гледна точка се прифаќа како најстарата крвна линија, тогаш вашиот дигестивен систем е идентичен со оној на древните луѓе, кои по природа биле ловци. Затоа вашиот метаболизам ќе извлече најмногу полза од месото, пилешкото и рибата. Овие луѓе треба да ја ограничат зрнестата храна и лебот. Интензивен спорт е најсоодветен за нивните гени.

Луѓето со крвна група А ќе се чуствуваат најдобро ако се придржуваат кон вегетеријанскиот режим на исхрана. Она што најмногу се препорачува за луѓето со оваа крвна група се соини протеини, зрнеста храна и органски зеленчук. Се препорачува спорт и физичка дејност со ниска и умерена активност.

За крвната група Б која соодветствува со номадите е карактеристичен понепретенциозен дигестивен систем и затоа луѓето од оваа група можат да се хранат со нискомаслени млечни производи, месо и земјоделски продукти, но треба да избегнуваат пченка, пченица и леќа. Ако ова е вашата крвна група, се препорачува умерен спорт.

Модерната крвна група АБ поседува почувствителен дигестивен тракт и затоа овие луѓе треба да избегнуваат храна како телешко и свинско месо, но затоа пак одлично ја поднесуваат морската храна, тофуто, млечни производи и повеќето земјоделски продукти. Соодветната физичка активност за нив е ниско интензивната.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber