Диетата на Деми Мур е првиот чекор кон вегетиријанството. Компоненти на диетата: зеленчук, овошје, јатки, суво овошје, зачини и билки го претставуваат основното секојдневно мени.
Основното правило на диетата на Деми Мур – приближно 75% од продуктите, кои треба да се јадат се сурови. Јајаца и риба се дозволени, но не секој ден. Секое утро треба да се започне со чаша топла вода. Во основа на диетата треба да бидат овошјето и зеленчукот, најчесто во сурова форма.
Исто така во текот на денот се пие многу чај и свежо цедени сокови. Млеко и млечни производи се дозволени, но тие заедно со полнозрнестиот леб, јајцата и рибата не треба да бидат повеќе од 25% од вкупниот дневен внес на калории.
Правилото е мошне едноставно, но не секој е спремен да го смени вака драстично режимот на исхрана. Иначе, во ефикасноста на оваа диета не постои никаков сомнеж.